A PHOTO

После долго време, од нигде никаде, добив потреба да „почкртам“ малку… =)

Ова е резултат… Некаква си „животиња“ =)

A TUNE

F33L (Insomnia) by TomiJovanoski

Имав работено на парчево одамна, и случајно онака наидов на него, стоеше „во фиока“… Го потсредив малце (мастеринг), и заради фактот што ја подзаборавив странава (полагања, полагања), добив потреба да го споделам =)

Creative Commons License
F33L (Insomnia) by Tomi Jovanoski (TJ) is licensed under a Creative Commons Attribution-NonCommercial-ShareAlike 3.0 Unported License.
Permissions beyond the scope of this license may be available at facebook.com/ArtTJ.

A TEXT POST

Позлати Насмевка!

Веќе неколку дена не сум поставил нешто на моево катче… Резултат на немање креативност, инспирација… несакање да постирам стари работи…

Но вреди да го објавам ова…

Не е мое дело, за ова е заслужен мој пријател Христијан Конески (Director, DOP, Editing), музиката е на Александар Силоски, иницијатива на Никола Аризанкоски

Да не должам повеќе, погледнете сами, а потоа споделете со Ваши пријатели и гласајте за проектот за отворање на нов центар за цистична фиброза во Прилеп

Толку од мене…

Се’ друго, останува на Вас…

A PHOTO

Светол период од есенва… (иако сликава ми е направена пред месец дена, кога времето и не беше баш така светло)

Ама, слушам, на Шапка снег…

Во Скопје останува уште малку да се навраќаме на куси ракави, и да чекаме пригода да забегаме некаде…

A TUNE

Crazy Orchestra by TomiJovanoski

Направено од неодамна…

Некоја си инспирација… Шознам, ми личи како за филмска музика да е правено…

Инаку работена е во Propellerhead Reason 4, многу добра програма за правење музика (акцент ставам на организирање на композицијата), но сепак ограничена (не поддржува VST инструменти и плагини, си има свои типови на „плагини“ наречени ReFills).

Сепак, и покрај своите маани, со малку креативност, се прават квалитетни парчиња…

Creative Commons License
Crazy Orchestra by Tomi Jovanoski (TJ) is licensed under a Creative Commons Attribution-NonCommercial-ShareAlike 3.0 Unported License.
Permissions beyond the scope of this license may be available at facebook.com/ArtTJ.

A PHOTO

Хаха… =) Мислам дека илустрацијава e по нарачка на некој пријател од Twitter… Покажи респект за Прилеп, и испечати ја на маица! =)

Вектор во илустратор овде!

Creative Commons License
Che PP by Tomi Jovanoski (TJ) is licensed under a Creative Commons Attribution-NonCommercial-ShareAlike 3.0 Unported License.
Permissions beyond the scope of this license may be available at facebook.com/ArtTJ.

A PHOTO

Ееех… времиња…

Случајно чепкав низ застарени фолдери, и наидов на последното издание на средношколскиот магазин ГИМ, на кој работев додека бев средно (при С.О.У. гимназија „Мирче Ацев“ - Прилеп)… И ме фати носталгија :)

Интересни времиња, незнам сега што стана со самата идеја, но не верувам да згасни се додека проф. Емона Јованоска го води проектот :)

И решив во првиот пост, да го споделам последниот број на кој работев, а тоа е јубилениот, десет години ГИМ…

Поделен е на два дела, едниот е ГИМ 10 Години, а другиот е ГИМ mini… И двата се во PDF формат.

Уживајте! :)